Услови за користење
Огласи
Продавачот е одговорен за точноста на огласот, цената и состојбата на производот или услугата. Веднаш Купи не е страна во договорот помеѓу купувачот и продавачот и не врши плаќања помеѓу нив.
Забранети огласи
- Производи или услуги што се забранети со закон.
- Лажни, измамнички или дупликатни огласи.
- Лични податоци на други луѓе без нивна согласност.
Модерација и пријави
Секој нов оглас и секоја промена на содржината се прегледуваат пред објавување. Администраторите можат да одобрат, да одбијат или да отстранат оглас. Секој посетител може да пријави оглас.
Важност на огласите
Огласот важи без рок на траење, додека не го избришеш.
VIP Membership членство
VIP Membership започнува со 7 бесплатни дена, потоа за првите 500 членови автоматски се наплаќаат 149 МКД на секои 12 месеци (365 дена) до откажување; кога понудата ќе се исполни, важи 149 МКД на секои 2 месеци (60 дена). Секој регистриран корисник бесплатно може да има до 3 огласи што се активни или чекаат одобрување, со до 5 фотографии по оглас; со активно VIP членство или бесплатен пробен период потврден од Whop може да има до 30 огласи, до 10 фотографии по оглас и освежување на огласите. Откажувањето се врши преку „Моја претплата“ на vednashkupi.com пред следната наплата; пристапот останува до крајот на тековниот период. Бесплатниот период е за нови претплатници; член што веќе имал VIP плаќа 149 МКД веднаш, потоа на секои 12 месеци.
Промени на условите
Условите може да се менуваат. Важечката верзија е секогаш објавена на оваа страница.
Откажување на VIP и бесплатен пакет
Ако сам го откажеш VIP, нема следна наплата. Поволностите остануваат до крајот на пробниот или платениот период. Пред истекот можеш да избереш 3 активни огласи што ќе останат видливи. Ако не избереш, остануваат трите најнови според датумот на објавување. Потоа се видливи најмногу 5 фотографии по оглас. Огласите и фотографиите над бесплатниот лимит се сокриваат и се зачувуваат до повторно активирање на VIP. Продадените, отстранетите и неодобрените огласи не се активираат автоматски.
Контакт
info@vednashkupi.com